АПЕЛ ДО УЧЕНИЦИ, РОДИТЕЛИ/СТАРАТЕЛИ И ВРАБОТЕНИ

Почитувани,

Со оглед на сериозноста на ситуацијата и на тоа дека јавното здравје е доведено во опасност од вирусот  COVID-19 , СОСУ „ИЛИНДЕН“ апелира секој од нас да ги почитува препораките од Светската здравствена асоцијација и Министерството за здравство. Да бидеме совесни и да се заштитиме себеси и останатите. Да останеме дома и да дадеме свој придонес во спречување на ширењето на COVID-19, за потоа СИТЕ НИЕ да ја продолжиме учебната година, заедно да ја прославиме матурата и да го дочекаме летниот распуст.

Што е КОВИД-19?

КОВИД-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 , вирус од фамилијата Коронавирус, првично откриен во Кина во декември 2019 година. Вирусот е причинител на акутно вирусно респираторно заболување. Преносот од човек на човек е можен, преку допир и преку капков пат (кивање, кашлање и слично).

Првичните искуства покажуваат дека постарите лица и хронично болните се изложени на поголем мризик од компликации и тешки форми на заболувањето. Периодот на инкубација на вирусот е најмногу 14 дена, во кој заразените лица не покажуваат симптоми, но можат да го пренесат вирусот на други лица.

Кои се симптомите на заболувањето со КОВИД-19?

Првичните симптоми кои се јавуваат кај лицата заразени со вирусот КОВИД-19 се:

  1. Треска и висока температура;
  2. Тешка кашлица;
  3. Отежнато дишење.


Болеста може да предизвика сериозни компликации кои може да ја нарушат функцијата на:

  1. органите за дишење;
  2. кардиоваскуларниот систем;
  3. на бубрезите.


Болеста може да варира од лесна до тешка форма, со можни фатални последици.

Лекувањето на заболените е палијативно и симптоматско.

Во овој момент не е достапна антивирусна терапија, ниту пак вакцина за превенција од заболување со КОВИД-19.

Како да се заштитите од заболувањето со КОВИД-19?

  1. Мијте ги рацете често, користејќи сапун и вода, подолго од 1 минута, внимавајќи да ги опфатите сите делови од дланката и прстите.
  2. Избегнувајте близок контакт со болни лица или лица кои се вратиле од патување од земја со висок или среден ризик.
  3. Користете средства за дезинфекција или алкохолни марамчиња.
  4. При кашлање или кивање покријте ги носот и устата со марамче за еднократна употреба и веднаш потоа фрлете го на безбедно место. Доколку немате марамче, покријте ги носот и устата со рака свиткана во лактот.
  5. Следете ги препораките на Министерството за здравство и редовно информирајте се од надлежните институции за најновите вести и насоки.


Фотографија на Даниела Костадиновиќ.

Објавено на 15.03.2020 во Општо

Сподели го текстот

Back to Top