Во периодот од 22 април до 25 април на Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ во Скопје се одржа натпреварот во роботика, вештачка интелигенција и електроника за учениците во средните училишта од Македонија – ROBOMAC Junior 2024. Главен организатор беше ФЕИТ и студентскиот огранок на ИЕЕЕ.
На натпреварот учествуваа 54 учесници од четврта година од 26 средни училишта од Македонија, кои се натпреваруваа во две категории. Во категорија АВТОНОМНА МОБИЛНА РОБОТИКА, организирана од Институтот за автоматика и системско инженерство и во категорија ПАМЕТНА ЕЛЕКТРОНИКА ЗА АВТОНОМНИ ВОЗИЛА, организирана од Институтот за електроника.
Нашето училиште претставувано од ученикот Михаил Кузманоски се натпреваруваше во категоријата ПАМЕТНА ЕЛЕКТРОНИКА ЗА АВТОНОМНИ ВОЗИЛА, организирана од Институтот за електроника и го освои бронзениот медал.
Настанот помина во одлична атмосфера на дружење и натпреварување, а освен натпреварувачките активности, се одржаа и неколку предавања на популарни теми од роботиката, вештачката интелигенција и електрониката.
Видеото од натпреварот можете да го погледнете на следниот линк:
Comments are closed.