Во рамките на спортската секција оваа година на државното првенство за средни училишта партиципиравме и со два ученика во атлетика. Покрај успесите на футсал екипата оваа година не израдуваа и Филип Милановски, ученик во IV-1 кој се натпреваруваше во категорија трчање на 1000 метри и го освои второто место и ученикот Кристијан Постолов од I-1 кој освои 4 место во категоријата скок во далечина. Честитки за учениците и нивниот ментор професор Александра Јанев.
Comments are closed.