Втор Мултипликативен настан „The VALENCE educational software environment and digital infrastructure“ во рамките на ERASMUS+ проектот „Advancing Machine Learning in Vocational Education – VALENCE“

На 09.05.2022 година се одржа вториот Мултипликативен настан „The VALENCE educational software environment and digital infrastructure“ во рамките на ERASMUS+ проектот „Advancing Machine Learning in Vocational Education – VALENCE“. Водечка организација за настанот беше Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје.

Настанот беше проследен со Третата работилница за вградени микропроцесорски системи организирана од ФЕИТ и Логинг Електроникс. Ова им овозможи на учесниците од 9 технички средни училишта од цела Македонија да се запознаат со сработеното во проектот VALENCE и да го видат целиот напредок што е постигнат кон градењето на новата наставна програма. Учесници беа професори и студенти од: СУГС „Владо Тасевски“ Скопје, СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка, СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ Битола, ССОУ „Коле Неделковски“ Велес, СЕТУ „Михајло Пупин“ Скопје, ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово, СОУ „Ристе Ристески Ричко“ Прилеп, СОУ „Ѓошо Викентиев“ Кочани и ние како партнерска институција СОСУ „Илинден“ Илинден.

За време на настанот, членовите на тимот на VALENCE презентираа преглед на проектот, фокусирајќи се на потребата од машинско учење и наука за податоци во средните стручни училишта. Учесниците беа воведени во Orange и околината за образовниот софтвер VALENCE и на крајот се презентираше прегледот и материјалот што се планира да биде опфатен во наставната програма VALENCE. На презентациите учествуваа професорите од ФЕИТ, Бранислав Геразов, Живко Коколански, Марија Марковска Димитровска, Стефан Златинов и Томислав Карталов. Програмата беше збогатена со три гостински предавања на тема „Publishing Open Educational Resources“ од Владимир Миловановиќ, Универзитет во Крагуевац, Србија, „Free Software in Engineering Education“ од Предраг Пејовиќ, Универзитет во Белград, Србија и „Wikipedia: Promoting Open Knowledge in Data Science and Machine Learning“ од Никола Милошевски, од Викимедија Македонија.

Партнери во овој проект од програмата ERASMUS + се:

Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје, како носител на проектот, Средното општинско стручно училиште ИЛИНДЕН од Општина Илинден, Научниот институт Јожеф Стефан од Словенија, Школскиот центар КРАЊ од Словенија и Електротехниката школа Михајло Пупин од Нови Сад, Србија.

Објавено на 10.05.2022 во Valence

Сподели го текстот

Back to Top