Втор транснационален состанок TPM2 во рамките на ERASMUS+ проектот „Advancing Machine Learning in Vocational Education – VALENCE“

На ден 29.06.2021 год. (вторник) во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, преку ZOOM платформата се одржа вториот транснационален проектен состанок TPM2 во рамките на ERASMUS+ проектот „Advancing Machine Learning in Vocational Education – VALENCE“. Настанот го отвори Координаторот на ERASMUS+ проектот, проф. Бранислав Геразов.

Проектот ќе опфати вкупно шест транснационални состаноци кои ќе се одржуваат на секои шест месеци за целото времетраење на проектот. Главната цел на состаноците се координативни активности насочени кон следење и контрола на квалитетот на проектните активности, како и обезбедување корективни мерки. На транснационалниот состанок се разговараше за следните теми: административни и финансиски аранжмани, обезбедување квалитет, анализа на ризик, активности за дисеминација и други отворени прашања.

Потоа следуваше презентација од проф. Живко Коколански кој го презентираше моменталниот статус на проектот и неговите административни активности. Подоцна, имаше плодна дискусија помеѓу сите партнери во проектот каде сите партнери се договорија за следните чекори.

Партнери во овој проект од програмата ERASMUS + се:

Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје, како носител на проектот, Средното општинско стручно училиште ИЛИНДЕН од Општина Илинден, Научниот институт Јожеф Стефан од Словенија, Школскиот центар КРАЊ од Словенија и Електротехниката школа Михајло Пупин од Нови Сад, Србија.

Објавено на 30.06.2021 во Valence

Сподели го текстот

Back to Top