Црвен крст на Р.С. Македонија согласно календарот за одбележување на традиционални активности во периодот од 1 до 7 декември ја одбележува Неделата за борба против ХИВ/СИДА под мотото „Глобална солидарност, заедничка одговорност“.
За таа цел на ден 07.12.2023 година од страна на врснички едукатор од Црвен крст се одржа едукативно предавање за ХИВ/СИДА на кое присуствуваа учениците од прва година. Учениците беа запознаени со начините за пренесување, симтомите и лекувањето, а најважно од се за превенција и заштита. Учениците беа заинтересирани и активно учествуваа во дискусиите.
Благодарност до Црвен крст како и до врсничкиот едукатор.
Comments are closed.