Изборот на средно училиште и на факултет предизвик за учениците

Во училиштето како воспитно-образовна институција една индивидуа би требало според законот задолжително да помине 13 години. Тој период започнува од шестата година опфаќајќи го предучилишниот период, единаесетата година раниот училишен период, го опфаќа периодот до 14 години или предадолесценција и на крај адолесценцијата како период кој трае од 15 до 18 или 20 години.

Во целиот тој временски период настануваат развојни промени кај индивидуата како биолошки, психолошки и социјални. Покрај семејството како главен фактор на тој развој учествува потесната и пошироката општествена средина вклучувајќи го и училиштето. Во него со своите програми и цели битно за развојот на индивидуата е стекнување на определен квантум на знаења и развој на вештините за доаѓање до нив и нивно користење. Сето тоа е невозможно без да настане биолошко созревање на организмот кое го следат развојни промени во когнитивното и афективното функционирање како и промени во сликата за себе. Сите тие промени се следени во текот на воспитно-образовниот процес и преку оценување на успехот во учењето се следи дали целта на образованието е постигната.

По завршување на основното образование деветооделенците се пред предизвикот каде да се запишат во средно училиште. Во тој процес на одлучување битна улога имаат родителите, семејната средина и процесите кои се одвиваат во семејството. Родителите се модел за своите деца, модел за културни стандарди, ставови и очекувања, кои влијаат на сликата за себеси, самодовербата како и социјалните улоги.

Младите во периодот на адолесценција се наоѓаат во период каде се на раскрсница на животот и пред најголем број на промени. Интензитетот и неопходноста за избор и за промени со кои се соочуваат не се јавуваат ниту во еден друг животен период. Тоа е период кога се учи  низ одлуки и промени и затоа е неопходно да се создадат услови младата индивидуа да донесе најдобри одлуки за себе и за својот живот. Изборот на професијата е една од најважните одлуки во животот и влијае на понатамошниот квалитет на животот и на работата. Факт е дека во овој момент сложеноста на светот во полето на работата сразмерно расте со голем број на можности за формално  и неформално образование и обука. Исто така денес се соочуваат со потешки барања, поголема конкуренција и сложена потреба на пазарот на трудот. (1)

Изборот на занимање  е процес кој се одвива низ неколку фази:

  1. Запознавање на себеси-препознавање на сопствените капацитети, способности, интереси, вредности и афинитети,
  2. Информирање за занимањата,
  3. Можности за образование,
  4. Средби со претставници од одредени занимања во претпријатија/компании/организации/училишта итн.

 

Голем број на ученици веќе знаат каде ќе се запишат и што ги интересира да учат, а во иднина и да работат. Но има и добар дел кои се колебаат или пак сеуште незнаат. Во такви ситуации најдобра можност на ученикот е разговор со родителите и училишниот психолог за да се помогне во насочувањето на ученикот за да избере училиште  во кое ќе се реализира како ученик и како личност на која се задоволени интересите, желбите и квалитетите. Исто така може да се разгледа и Водичот низ квалификациите во стручното образование кој може да се најде на следниот линк:

https://www.fakulteti.mk/news/21052020/vodich-za-izbor-na-sredno-struchno-uchilishte,

како и конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта

https://mon.gov.mk/stored/document/konkurs%20za%20upis%20vo%20sredno%20obrazovanie%202021-2022%20mk.pdf.

Кај учениците кои завршуваат средно образование предстои државна матура и завршен испит, а со тоа и одлука каде понатака. Дали да се направи избор помеѓу работа и избор за на факултет? Прашањата кои родителите најчесто  си ги поставуваат се:

Како да бидам сигурен/на дека изборот на понатамошното образование и кариера ќе му овозможат на моето дете исполнет и успешен живот?

Како да помогнам моето дете да ги препознае своите интереси, афинитети, таленти, да ја најде својата претстава за иднината?

Како да останам неутрален/на во процесот без да наметнувам лични мислења и одлуки, дури и кога мислам дека е во најдобар интерес на детето?

Родителите може да разговараат со своите деца во одредени ситуации и одговорот да го очекуваат  од децата како  на пример: Што најмногу ги интересира? Во што мислиш дека би бил/а најдобар/а? Во што најмногу уживаш, во која област, предмет? Кои професии се поврзани со твоите интереси? Што треба да завршиш, за да можеш да ги работиш тие професии?… (2)

Многу битни прашања за размислување кои можат да им се постават  на учениците се?

Каде се гледаш себеси за 5 години од денес?

Каде се гледаш себеси за 20 години од денес?

Откако добро ќе размислат за своите афинитети и ќе истражат за поедини занимања за кои можебии имале погрешна претстава и ќе развијат вештини за доаѓање до потребните информации, а ако се земе и во предвид училиштето во кое се учи изборот на идно занимање а со тоа и избор за средно училиште, факултет или за работа ќе биде полесен.

Во продолжение линк кој има интересни прашања и вреди да се издвои време:

http://e-usmjeravanje.hzz.hr/Predanketa-       

(во делот алати за управување со кариера)

(1) Profesionalna orijentacija – inovirani obrazovno-vaspitni pristupi, grupa autora, Ministarstvo prosvete RS, Kultur Kontakt Austrija, Beograd, 2008.

(2) Прирачник-Вклучување на родителите во процесот на кариерно советување

Изработил психолог Фросина Каранфиловска

Објавено на 01.06.2021 во Општо

Сподели го текстот

Back to Top