ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИЕМ НА ДОКУМЕНТИ ЗА УПИС ВО ПРВА ГОДИНА ЗА УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА

Почитувани ученици, родители/старатели,

Средното општинско стручно училиште „ИЛИНДЕН“-Илинден ве известува дека на 22 и 23.06.2023 година ќе врши прием на документи за  учениците кои аплицирале за упис во прва година за учебната 2023/2024 година во следниве термини:

  1. Приемот на документи на 22.06.2023 (четврток) ќе се врши по азбучен ред во периодот од 12.00 до 19.00 часот

Доставувањето на документи од страна на ученикот, родителот/старателот ќе се одвива по распоред согласно азбучниот ред од презимето, односно:

  • Од 12.00-15.30 часот- прием на документи за ученици чие презиме започнува на буквите: а,б, в, г, д, ѓ, е,ж,з, ѕ, и, ј, к, л, љ, м, н,њ
  • Од 15.30-19.00 часот- прием на документи за ученици чие презиме започнува на буквите: о, п, р, с, т, ќ, у, ф, х, ц, ч, џ, ш
  1. Приемот на документи на 23.06.2023 ќе се врши по азбучен ред во периодот од 07.00 до 19.00 часот

Доставувањето на документи од страна на ученикот, родителот/старателот ќе се одвива по распоред согласно азбучниот ред од презимето, односно:

  • Од 07.00-13.00 часот- прием на документи за ученици чие презиме започнува на буквите: а,б, в, г, д, ѓ, е,ж,з, ѕ, и, ј, к, л, љ, м, н,њ
  • Од 13.00-19.00 часот- прием на документи за ученици чие презиме започнува на буквите: о, п, р, с, т, ќ, у, ф, х, ц, ч, џ, ш    

Воедно ве известуваме дека на 20.06.2023 и 21.06.2023 е електронското пријавување за упис во прва година на следниов линк https://e-uslugi.mon.gov.mk/ . Сите оние кои од било кои причини нема да можат да се најават сами и да аплицираат од дома, можат да дојдат во нашето училиште  од 08.00-18.00 часот ( на 20.06.2023 ) и од 08.00-15.00 часот ( на 21.06.2023) и комисијата ќе ви помогне да се поднесе апликацијата. Со себе понесете  свидителства од 6-то до 9-то одделение и извод од матична книга на родени .

Објавено на 15.06.2023 во Општо

Сподели го текстот

Back to Top