ИЗВЕСТУВАЊЕ За учениците кои завршија четврта година во учебна 2019/2020 година

ИЗВЕСТУВАЊЕ
За учениците кои завршија четврта година во учебна 2019/2020 година

Се известуваат сите ученици кои го завршија своето образование во Средно општинско стручно училиште „Илинден“-Илинден во учебната 2019/2020 година и се здобија со диплома за завршено средно образование, а оваа година сакаат своето образование да го продолжат на факултетите во странство, ќе треба до 31.12.2020 година да се пријават за полагање Државна матура како вонредни ученици, во учебната 2020/2021 година.
Државната матура се состои од испит по 4 предмети (3 екстерни и 1 интерен) и проектна задача (доколку ученикот ја положил проектната задача во учебната 2019/2020 година, таа ќе му се важи и за оваа учебна година)
Матурата се полага во два рока: првиот е јунски, а вториот рок за полагање на Државна матура е во август, но пријавувањето е само за тие што не положиле некој испит во јуни и се врши по објавување на резултатите во јули.
Полагањето на државна матура е неопходно за оние ученици кои своето образование сакаат да го продолжат на факултет.
За повеќе информации консултирајте го сајтот www.matura.gov.mk или обратете се на факултетите за кои сте заинтересирани.

Датуми за полагање на државна матура во јунска испитна сесија 2021 година

Екстерните испити од државната матура во јунската испитна сесија 2021 година ќе се реализираат во следниве термини:
29.05.2021 – македонски јазик и литература
05.06.2021 – англиски јазик, француски јазик, германски јазик
11.06.2021 – се полага историја или бизнис
14.06.2021 – математика;

Сите испити се со почеток во 10:00 часот.

Објавено на 17.12.2020 во Општо

Сподели го текстот

Back to Top