Почитувани ученици,родители/старатели и вработени,
Владата на својата 26 седница одржана на 23.03.2020 ја усвои Уредбата со законска сила за примена на Законот за средното образование за време на вонредна состојба, која ќе се применува за реализација и организација на наставата преку далечинско учење односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација.
Средства за електронска комуникација, во смисла на оваа Уредба се средства кои обезбедуваат реализација на наставата без заедничко физичко присуство на учесниците во наставниот процес и кои овозможуваат взаемна двонасочна комуникација.
Средства за електронска комуникација можат да бидат видео-конференциски платформи, електронска пошта или други системи за електронска размена на податоци.
За употреба на видот на средствата за електронска комуникација одлука донесуваат средните училиште.
За периодот на организирање на наставата во средните училишта преку далечинско учење односно учење од дома, наставникот може да изврши оценување на учениците.
Со примена на средствата за електронска комуникација може да се спроведат испрашувања, тестирања на учениците или да се користат други форми на утврдување и оценување на знаењето на ученикот.
Задолжение: Согласно Уредбата на Владата се задолжуваат сите наставници да реализираат „online“ настава, согласно претходно усвоениот и објавен на училишниот вебсајт План за реализација на „online“ настава во СОСУ „Илинден“ со архивски број: 03-156/1 од 23.03.2020 година(со напомена дека препораките и апелите од овој план преминуваат во задолжение) и согласно Одлуката на директорот со архивски број 03-157/1 од 25.03.2020 (во прилог подолу).
Со почит, 25.03.2020
СОСУ „Илинден“-Илинден, директор-Зоран Арсовски
Comments are closed.