Во периодот од 18 до 22.03.2024 се одржаа регионалните натпревари на средните училишта во организација на Технолошко-металуршкиот факултет при универзитетот Св. Кирил и Методиј. Темата на натпреварот беше Наноматеријали – материјали на иднината и на натпреварот учествуваа средните училишта од државава, меѓу кои и нашето училиште. На натпреварот учествувавме со два тима. Ученичките Зорана Христовска и Матеја Станојковска од II-1 клас ја презентираа темата Наноматеријали – материјали на иднината, а Анастасија Крстиќ од III-1 клас и Анастасија Дамчевска од III-2 клас учествуваа со темата Паметни материјали и мехатроника. И двата тима беа под менторство на професорката Христина Стојановска. Учениците успешно се претставија и го промовираа нашето училиште, на што сме особено горди.
Comments are closed.