Во рамки на Развојната цел-Ученички иницијативи од Годишната програма за работа на училиштето за учебна 2022-2023 година, училишниот психолог Фросина Каранфиловска заедно со учениците од ученичка заедница спроведоа активности за унапредување на менталното здравје. Во изработениот акциски план беа предвидени и се изреализираа следните активности:
-Психоедукативни работилници со учениците од прва до четврта година на тема:„Ментално здравје и болести“ (јануари 2023 година);
-Презентација на наставен кадар на тема: „Ментално здравје и болести“ (јануари 2023 година);
-Изработка на хамери со одредени симтоми кои укажуваат за одредени промени во менталното здравје и поставување во холот на училиштето од страна на учениците од прва година заедно со професорот по ликовна уметност Горан Стаменков. (јануари 2023 година).
-Дебата во конференциска сала во Дом на култура-о.Илинден на тема: Вредности и ментално здравје (психолог Фросина Каранфиловска, професор по Граѓанско образование Бојан Чесмаџиски и учениците од ученичка заедница). (февруари 2023 година)
Целта на спроведување на овие активности е едукација за одредени поими, состојби, промени кои се поврзани со менталното здравје на индивидуата, а со тоа и дестигматизација на одредени ментални состојби. Навременото препознавање, превенција и работа на себе ќе придонесат за унапредување на менталното здравје и јакнење на личните капацитети. Учениците на класен час по спроведена техника бура на идеи ги предложија проблемите со кои секојдневно се соочуваат, а во рамки на ученичка заедница ги обработивме и им посветивме внимание. Со тоа ги изреализиравме активностите од развојната цел.
Comments are closed.