ИНОВАМАК 2019
Во организација на Националната Асоцијација на иноватори на Македонија (NAIM), на 24.09.2019 во Домот на АРМ, Скопје беше отворен Третиот Меѓународен саем на пронајдоци, иновации и нови технологии „ИНОВАМАК 2019“,под покровителство на Светската федерација на иноваторски асоцијации (IFIA).
Државниот завод за индустриска сопсвеност, како институција во рамките на промотивните активности на правата од индустриска сопственост, со години наназад ја поддржува изложбата и учествува во доделување награди.
Заменик директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Горан Герасимовски, на денешната прес-конференција по повод отворање на изложбата, го истакна сериозниот пристап на Асоцијата на пронаоѓачи која, како што посочи, работи на сосема нов и компатибилен начин и појасни дека на манифестацијата ќе додели награди на најдобрите.
На 26.09.2019 учениците од СОСУ “Илинден” беа на настанот INOVAMAK каде што се запознаа со начинот на работа на одредени иновации.
Еден од нив е SMART CLOCK.
SmartClock е мултифункционален проект кој што е базиран на познат микроконтролер Arudino Nano, кој е мозокот на овој уред. Главната функција на овој уред е да дава прецизно точно време и дата информации,но сепак овој уред не е толку едноставен.
Во уредот има многу прецизни аналогни и дигитални сензори, модули вклучувајќи и фотоотпорници LDR, аналоген сензор LM35 за температура, инфрацрвен приемник IR и радио фреквенционен предавател NRF24L01.
На настанот учениците се запознаа и научија за многу нови уреди и за начинот на кој тие работат.
Благодарение на настанот INOVAMAK на учениците им се проширија перспективите и знаењата за автоматизираните уреди, оставајќи ги љубопитни за повеќе.
Comments are closed.