На овогодинешните натпревари на млади истражувачи од Р.Македонија-Наука на млади што по 53 пат се одржа во Куманово, СОСУ „Илинден“-Илинден учествуваше со 4 натпреварувачи.
Ученикот од IV-2, Марио Наумовски за својот проект „Уред за далечинска контрола на мрежни потрошувачи“ под менторство на професорот Кирил Крстевски освои златен медал и го потврди првото место од државните натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните училишта во Р.Македонија. Како признание и награда за својот успех доби повеќедневно научно патување во Р.Словенија.
Ученикот Филип Витковски од IV-1 под менторство на професорот Игор Атанасов го освои 3 место со проектот „Конструкција и управување на лифт со програмабилен логички контролер“ и се закити со бронзен медал.
На натпреварот земаа учество и успешно го претставија училиштето и ученичките Симона Симоновска со проектот „Веб базиран дневник за патување во Европа“ под менторство на професор Игор Атанасов и Мартина Марковска со проектот „Питагора и Питагорова теорема“ под менторство на проф. Дијана Јаковлевска.
Честитки за успехот и благодарност до учениците и нивните ментори.
Comments are closed.