На ден 05.12.2018 во просториите на СОСУ „ИЛИНДЕН“-Илинден, претставници на компанијата Кемет Електроникс, со седиште во ТИРЗ Бунарџик, одржаа предавање за учениците од 1 година од образовните профили Електротехничар за компјутерска техника и автоматика и Електротехничар за електроника и телекомуникации во училиштето . На предавањето преку презентација учениците имаа можност да се запознаат со почетоците на Кемет Електроникс,со производите кои тие ги изработуваат во Македонија (кондензатори и филтри) како и со нивните идни планови.
Менаџментот на училиштето искажува голема благодарност до компанијата за соработката со училиштето.
Comments are closed.