На ден 07.09.2021 год. (вторник) во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, преку ZOOM платформата се одржа координативен состанок во рамките на ERASMUS+ проектот „Advancing Machine Learning in Vocational Education – VALENCE“. Настанот го отвори Координаторот на ERASMUS+ проектот, проф. Бранислав Геразов.
Потоа следуваше презентација од проф. Живко Коколански кој го презентираше моменталниот статус на проектот и неговите административни активности. На состанокот се дискутираше и за досега сработеното од поставените цели на вториот транснационален координативен состанок. Покрај тоа се разговараше и за административните и финансиските аранжмани, активностите за дисеминација и други отворени прашања. На состанокот имаше плодна дискусија помеѓу сите партнери во проектот.
Партнери во овој проект од програмата ERASMUS + се:
Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје, како носител на проектот, Средното општинско стручно училиште ИЛИНДЕН од Општина Илинден, Научниот институт Јожеф Стефан од Словенија, Школскиот центар КРАЊ од Словенија и Електротехниката школа Михајло Пупин од Нови Сад, Србија.
Comments are closed.