Сите сме исти
Во денешно време низ светот владее многу омраза. Муслиманите се гледаат како терористи, афро-американците како насилници. Бездомниците по улиците се незабележани од голем број луѓе. Ако некои поединци од раса, фамилија или религија се терористи, насилници и бездушни, тоа не значи дека сите други околу нив се исти. Секој човек сам себе си си се претставува како уникатна личност. Голем дел од луѓето страдаат од дејствата на некои поединци.
Во многу школи низ светот, хомосексуалните ученици и студенти се без престан под притисок од страна на своите соученици па дури и професори. Ако некому не му се допаѓа стилот на кој што некој се облекува, изгледа или зборува, тоа не значи дека треба да врши притисок врз таа личност. Често поради ова тие личности вршат убиства или самоубиства поради голем психички стрес. Заради вакви индивидуалци кои имаат цел да се покажат пред своето друштво страдаат невини животи.
Голем дел од луѓето ги сметаат бездомниците за алкохоличари, наркомани и насилници, но никој од нив не ја знае нивната приказна за тоа како тие останале без покрив над глава. И тие се луѓе како нас, притоа не треба да ги осудуваме поради нивниот недостаток на дом, пари, чиста облека и храна, покрај се и тие имаат убави чувства во своите срца, само што немаат начин како да ги изразат. Би било убаво повеќе да се стремиме кон тоа да им помагаме и колку што можеме да им го олесниме животот, не само на нив туку и на сите околу нас, бидејќи никогаш не знаеме со кого ќе ни се вкрстат патиштата.
Војна. Војната никогаш не се менува. Таа остава трајни траги зад себе,з емајќи илјадници животи. Моментално во Ирак се води многу брутална војна, каде што муслимански терористички групи владејат со цели села и градови. Поради тоа тие оставаат лоши впечатоци за муслиманската вера, при што секој муслиман се гледа како терорист. Она што не прави да бидеме различни меѓу себе во карактерот не е верата, туку самото однесување на човекот. Не треба да осудуваме некого само затоа што тој потекнува од иста фамилија со некој кој има оставено лош впечаток или пак нивната вера. Сите сме луѓе, без разлика во кој и колку богови веруваме.
Претежно истото се случува во Америка, каде што афро-американците не се многу добредојдени од белите сограѓани, токму поради тоа што во минатото тие биле искористувани како робови. Ова има големо влијание врз многу животи, но и самата популација. Без разлика на бојата на кожата,сите сме луѓе и така треба да се почитуваме едни со други.
Каков би бил животот ако завладее целосен хаос помеѓу народот? Без разлика на расата, полот или верата, заедно живееме на оваа планета, затоа треба да бидеме горди со она што го имаме во душата, а не она во џебот. Покрај се, сите сме исти.
Стефан Нешовски III-2
Comments are closed.