Психологот ја има една од најважните улоги во училиштето, работи со деца и внимава на нивниот психолошки развој. Денеска ќе зборуваме со вас, психологот на СОСУ ,,Илинден’’.
1. Дали од секогаш сте покажувале афинитети кон оваа работа?
– Значи средното училиште што го завршив беше средното медицинско училиште-насока медицинска сетра, професија во која основата е грижа за болен пациент. Се двоумев помеѓу медицински факултет и факултетот за психологија, па се одлучив за психологија, ми беше доста интересна наука, која се испостави во пракса дека е интересна, затоа што се работи и со деца и со возрасни односно со ученици и со нивните родители, така да се на се, задоволна сум од работата.
2. Со какви проблеми на учениците најчесто се сретнувате?
– Значи проблемите се од аспект на недисциплина за време на часови, затоа што знаат учениците да покажат на различен начин кога им е досадно на часовите, па да се недисциплинирани и да го реметат часот, но за среќа тоа брзо се решава, има успешна соработка и со родителите, наставниот кадар така да се надминува сето тоа многу брзо.
3. Дали се доволно слободни за да побараат помош од вас?
– Секоја презентација која ја имам за време на класните часови, каде што има различни теми од животот, животни вештини која што е наменета за личен развој на учениците, секое појавување во училницата им имам ставено дознаење дека без оглед дали се работи за личен проблем, семеен проблем, секој проблем што го чуствуваат учениците, а сакаат да го споделат, за да не им тежи, го носат како товар, на нивниот грб, значи слободно да дојдат да ми се обратат. За среќа одејќи така на часовите имам идентификувано ученици со емоционални потешкотии и имам разговарано со класните раководители, да ги повикаат да разговараат со мене и со родителите за да се надминат навремено. Добар дел од учениците сами доаѓаат и затоа сум многу задоволна. Тоа ми е многу драго, многу сум среќна кога ќе ги видам, значи влијаело тоа што сум ги ослободила, што сум има дала мотив навремено да се обратат. Во моментот ако сум зафатена, ако имам некоја работа (адмиснистративна) доаѓаат подоцна, на крај на час, на одмор. Најпрво ги идентификуваме проблемите, па да видиме дали ние можеме да го надминеме проблемот, да разговараме, советодавно да го решиме или да се обратиме во некоја институција, ако е некој посериозен проблем.
4. Дали според ваше мислење треба да има повеќе предавања за сексуалното образование, превентација од алкололизам и наркоманија?
– Тие работилници се неопходни од аспект на превентивно делување и грижа за учениците, сметам дека се доволно. Во соработка со невладина ораганизација ХЕРА има презентации за сексуално воспитание на учениците.
5. Дали сте задоволни од наставниот кадар и нивното предавање?
– Да задоволна сум. Во програмата за работа, што јас ја имам подготвено за работа, како психолог, која што се вметнува во годишната програма за работа, предвидено е посета на часови во прво полугодие и второ полугодие, тоа се нагледни часови и од тие часови задоволна сум, разговарав и со учениците и на ученичката заедница, ако дојде некој ученик да каже дали има некој проблем, недоразбирање или конфликтна ситуација која настанала во наставниот кадар, се обидуваме да ја решиме веднаш, затоа што мое мислење е ако се се запостави ќе настане поголем проблем. За да не се ставаат во конфликт ученикот и професорот, навремено се разговара со нив, се со цел да се реши тој проблем, така да во глобала иако имаме и приправници професори, добар дел се нови, ја реализираат програмата 100% и од она што тие го работат и како работат сум задоволна.
6. Дали сте имале некое интересно искуство на работното место?
– Ситуации кога разговарам со учениците тука, се советуваме, изрекуваме педагошки мерки, кога ќе излезат од врата, не сите зборувам за поединци, се смеат, исто им се фаќа дали ќе добијат педагошка мерка, дошле разговарале, јас сум си го кажала своето и си продолжуваат пак исто. За среќа би рекла дека тоа се мал дел ученици.
Ви благодариме на одвоеното време.
Овде може да го прочитате интервјуто со директорот.
Comments are closed.