Во СОСУ ИЛИНДЕН продолжува инвестирањето од страна на Општина Илинден и Градоначалникот Александар Георгиевски. Се инвестираше во нова и напредна опрема од електротехничка струка за да се создаде иновативна и стимулативна средина за учење и стекнување на трајни и одржливи знаења и вештини. Училиштето се опреми со нови индуктивни декади, капацитативни декади,отпорнички декади, мерачи на вртежи, инфраред термометри,отстранувачи на чад, развојни системи за едукација и вежби (програмабилни логички управувачи,фрекфентни регулатори,развојни плочки за PIC микроконтролери, 3D принтери, Едукативни пакети за роботика и автоматика LEGO® MINDSTORMS® Robot Inventor …
Со оваа инвестиција покрај тоа што учениците ќе имаат на располагање современи технолошки ресурси, ќе се засили и репутацијата на училиштето како современо училиште кое нуди квалитетна настава за електротехничко образование.
Comments are closed.