Нови гардеробери за сите ученици од СОСУ Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден и директорот на училиштето Зоран Арсовски на учениците од средното општинско стручно училиште „Илинден“ им ги врачија клучевите од новите гардеробери и на тој начин ги продолжија заложбите за подобрување на условите за поквалитетен престој на учениците во рамките на училиштето. Секој ученик доби по еден гардеробер со клуч, односно сопствен простор за одложување и складирање на личните предмети, дел од гардеробата и за нивниот училишен прибор и материјал. Гардероберите се со димензии 1000х450х400 , изработени од медијапан со висок сјај во три различни бои (бела,зелена и крем) и се со систем за меко затварање со кочница. Внатрешноста на гардероберот е поделена на два дела. Дел за одложување на јакни, маички и слично и дел со полици за одложување на друг училишен прибор. По доделување на гардероберите се изготви Кодекс за начинот на користење на гардероберите, како и за одржување на функционалноста на истите и со него беа запознаени сите ученици.

Објавено на 06.02.2015 во Активности

Сподели го текстот

Back to Top