ОБЕЗБЕДЕНА ДОНАЦИЈА НА КНИГИ

Во рамки на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу СОСУ „Илинден“, претставувано од директорот Зоран Арсовски и Факултетот за електротехника и информациски технологии, претставуван од декан Димитар Ташковски се  обезбеди донација за училиштето на околу 1000 книги од областа на електрониката, телекомуникациите, компјутерска техника и автоматика. Се работи за вредни изданија кои ќе бидат на располагање на сите ученици, како и на вработените во училиштето. Управата на училиштето искажува благодарност до претседастелот на Училишниот одбор Игор Атанасов, како и до деканот на ФЕИТ, продеканот Владимир Димчев и до професор Живко Коколански за проактивното учество при обезбедување на донацијата.

Објавено на 25.06.2022 во Општо

Сподели го текстот

Back to Top