На овогодинешното образовно рандеву 2022 МАССУМ ( Младинска асоцијација на средни стручни училишта во Македонија) кое се одржа на 06.05.2022 во Велес, нашите ученици (околу 40) на натпреварите се претставија во следниве категории:
– Најдобра екипа во серва – 1 место од 25 екипи (Ива Јосифова, Мила Гроздевска, Дарио Бојковски и Филип Паневски. Ментор- проф. по спорт Александра Јанев)
МАССУМ 2022 резултати Најдобар тим во серва
– Најдобра веб страна – 2 место од 17 училишта (Христиан Димовски, Иван Марковски, Денис Љајиќ и Драган Николовски. Ментор- проф. по информатика Спасе Маневски)
МАССУМ 2022 резултати Најдобра веб страна
– Најдобар филм –3 место ( Александар Симеоновски, Антонио Дамчевски, Лука Здравески, Ива Цветановска, Антонио Митревски, Андреј Тодоровски, Аделина Ајваз, Салија Шабанова, Ана Анѓелковиќ, Андреј Петковски, Петар Трпевски, Матеј Ивановски, Матеј Лазаров, Жаре Зарковски. Ментор-проф. по стручни предмети Игор Атанасов)
МАССУМ 2022 резултати Најдобар филм
– Најдобро кариерно портфолио – 3 место (Наум Симјановски и Михаил Кузмановски. Ментор-проф. по стручни предмети Христина Стојановска)
МАССУМ 2022 резултати Најдобро кариерно портфолио
Учествуваа и во:
– Најдобра екипа во баскет– (Сара Стојановска, Аделина Ајваз, Христијан постолов и Бојан Ивановски. Ментор проф. по спорт Александра Јанев)
– Најдобар пинпонгар/ка (Сара Стојановска и Михаил Марковски. Ментор проф. по спорт Александра Јанев)
– Најдобра поетска творба (Христиан Димовски и Фили Симоновски. Ментор-проф. по македонски јазик Габриела Петровски)
– Најдобар постер (Наум Симјановски, Даниел Блажевски и Антонио Дамчевски. Ментор- проф. по информатика Катерина Јанева)
– Интервју за работа (Андреј Петковски. Ментор- проф. по стручни предмети Христина Стојановска)
– Најдобар штанд (Кристина Ристовска, Тамара Новеска, Ива Цветановска и Ева Цветановска. Ментор-проф. по информатика – Спасе Маневски)
Целта на овој вид активности е кај учениците да се развие свеста за глобалното значење на демократијата и нејзиниот придонес за развој на општеството, како и да се равијат меките вештини. Да се развијат способности и вештини за комуникација, толеранција, лидерство,тимска работа, решавање на проблеми, организирање на активности,правилно искористување на ресурси, компетентно и напредно лидерство, да се развие чувство на одговорност, самодоверба и доверба во работата и соработниците, да учествуваат и постигнуваат успеси во организирани активности ( натпревари, настапи и промоции), да се промовираат во граѓани со правилен избор на професија и успешна кариера и сл.
Управата на училиштето им честита на сите учесници и нивните ментори за нивниот ангажман и постигнатите резултати и ги охрабрува и понатаму да продолжат активно да учествуваат во воннаставните активности за да ги подобрат личните вредности и да се подготват за светот на конкуренцијата преку лидерство, практична работа и учење.
Comments are closed.