На образовното рандеву 2023 МАССУМ (Младинска асоцијација на средни стручни училишта во Македонија) кое се одржа на 05.05.2023 во Гостивар, нашите ученици (17) на натпреварите се претставија во следниве категории:
– Најдобра екипа во серва – 1 место од 24 екипи (Дамјан Алексовски, Ива Јосифова, Стефан Милчевски и Мила Гроздевска. Ментор – проф. по спорт Александра Јанев)
– Најдобра поетска творба – 3 место од 46 училишта (Ангела Арсоска. Ментор – проф. по македонски јазик Габриела Петровски)
– Најдобар веб страна – 4 место од 17 училишта (Драган Николовски, Иван Марковски, Жаре Зарковски. Ментор – проф. по стручни предмети Игор Атанасов)
Учествуваа и во:
– Најдобра екипа во баскет – (Мила Гроздевска, Аделина Ајваз, Бојан Ивановски и Бојан Божиновски. Ментор – проф. по спорт Александра Јанев)
– Најдобра фотографија – (Ана Анѓелковиќ и Салија Шабанова. Ментор – проф. по стручни предмети Игор Атанасов)
– Најдобра поетска творба – (Ангела Крстевска. Ментор – проф. по македонски јазик Даниела Костадиновиќ; )
– Јавно говорење – (Јована Јаневска. Ментор – проф. по македонски јазик Габриела Петровски)
Целта на овој вид активности е кај учениците да се развие свеста за глобалното значење на демократијата и нејзиниот придонес за развој на општеството, како и да се равијат меките вештини. Да се развијат способности и вештини за комуникација, толеранција, лидерство, тимска работа, решавање на проблеми, организирање на активности, правилно искористување на ресурси, компетентно и напредно лидерство, да се развие чувство на одговорност, самодоверба и доверба во работата и соработниците, да учествуваат и постигнуваат успеси во организирани активности (натпревари, настапи и промоции), да се промовираат во граѓани со правилен избор на професија и успешна кариера и сл.
Управата на училиштето им честита на сите учесници и нивните ментори за нивниот ангажман и постигнатите резултати и ги охрабрува и понатаму да продолжат активно да учествуваат во воннаставните активности за да ги подобрат личните вредности и да се подготват за светот на конкуренцијата преку лидерство, практична работа и учење.
Comments are closed.