Обука на наставниците и учениците за продукција на мултимедијални интернет содржини во контекст на меѓуетничката интеграција во образованието

Обука на наставниците и учениците за продукција на мултимедијални интернет содржини во контекст на меѓуетничката интеграција во образованието во Хотел Континентал во која беа вклучени ученици и професори од СОСУ “Илинден”. Оваа обука имаше за цел да се вклучат средношколци од различна етичка припадност, националност , религија и пол кои расменуваат мислења, аргументираат и практикуваат тимска работа. СОСУ “Илинден” во соработка со СОУ Браќа Миладиновци од Драчево заедно со наставниците работеа во групи каде што секоја од групите имаше за задача да препознаат пристрасно и неверодостојно известување, стереотипи,предрасуди и говор на омраза. Се дискутираше за основни работи за поставување видео на интернет ( како да се сними токму она што е потребно со уредите кои ни се на располагање) и како да се изработи блог. Но бидејќи учениците од СОСУ “Илинден” веќе имаа изработено блог кој им е потребен за натпреварот кој го спроведува Фондацијата е-Македонија и тимот на невладината ОХО беше презентиран на другите групи кои што учествуваа на обуката.

Објавено на 08.07.2014 во Активности

Сподели го текстот

Back to Top