На 01.06.2023 во просториите на Џонсон Мети нашите ученици од класот II-2 од дуалната паралелка одржаа завршен час во рамки на проектот за дуално образование. На завршниот час покрај учениците присутни беа претставници од училиштето и од Џонсон Мети. Со компанијата претходно беше потпишан Меморандум за соработка во кој беа предвидени активности за Учење кај работодавач кое се одвиваше во текот на целата година. На завршниот час учениците во групи подготвија презентации за компанијата, за нивните производи и за нивниот процес на производство. Задоволството од ваквата соработка изрази управата на училиштето заедно со училишните ментори, учениците, како и генералниот директор на Џонсон Мети заедно со менторите од компанијата. Од страна на училиштето на компанијата Џонсон Мети и беше врачена и Благодарница за активен придонес во воспитно-образовниот процес во СОСУ „Илинден“.
Comments are closed.