На 10.06.2024 во просториите на Џонсон Мети нашите ученици од дуалните паралелки одржаа завршен час во рамки на проектот за дуално образование. На завршниот час покрај учениците присутни беа претставници од училиштето и од Џонсон Мети. Со компанијата претходно беше потпишан Меморандум за соработка во кој беа предвидени активности за Учење кај работодавач кое се одвиваше во текот на целата година. На завршниот час учениците во групи подготвија презентации за компанијата, за нивните производи и за нивниот процес на производство. Задоволството од ваквата соработка изрази управата на училиштето заедно со училишните ментори, учениците, како и генералниот директор на Џонсон Мети заедно со менторите од компанијата.
Comments are closed.