На 28.01.2023 година се одржа петтиот и финален транснационален состанок во рамките на ERASMUS+ проектот „Advancing Machine Learning in Vocational Education – VALENCE“. Истиот беше организиран од Електротехниката школа Михајло Пупин од Нови Сад, Србија.
Главната цел на средбата беше координација на активностите за успешно завршување на проектот. На транснационалниот состанок се разговараше за следните теми: административни и финансиски аранжмани, обезбедување квалитет, анализа на ризик, активности за дисеминација, реализација, резултати и предизвици на IO1, IO2, IO3 и IO4.
Состанокот свечено го отвори директорот на ЕТШ Михајло Пупин, Ермидин Елезовиќ. Проф. Живко Коколански го презентираше конечниот статус на активностите за административно водење и проектен менаџмент. Потоа, лидерите на различните интелектуални резултати го презентираа она што е постигнато во рамките на проектот. За секој ИО посебно се внимаваше да се реализирани сите планирани активности. Конечно, статусот на активностите за дисеминација беше евалуиран за целото времетраење на проектот. Евалуацијата на сите проектни активности ќе биде интегрирана во финалниот проектен извештај.
Партнери во овој проект од програмата ERASMUS + се:
Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје, како носител на проектот, Средното општинско стручно училиште ИЛИНДЕН од Општина Илинден, Научниот институт Јожеф Стефан од Словенија, Школскиот центар КРАЊ од Словенија и Електротехниката школа Михајло Пупин од Нови Сад, Србија.
Comments are closed.