На ден 09.03.2018 учениците од четврта година имаа можност да ја посетат компанијата Витек Македонија и да го разгледаат производствениот процес, како и продуктите што се произведува во компанијата.
Исто така на ден 15.03.2018 дел од учениците од втора и прва година ја посетија и компанијата Кемет Електроникс, каде проследија предавање за компанијата, а потоа се разгледаа производствените погони. Посетите и предавањата од страна на менаџерите на компаниите произлегуваат од Меморандумите за соработка во областа на образованието , потпишани помеѓу Градоначалникот на Општина Илинден и менаџментот на компаниите.
Comments are closed.