Меморандумот денеска официјално го потпишаа градоначалникот на општина Илинден, М-р Александар Георгиевски и генералниот директор на Аспектус Фарма ДОО експорт-импорт, Константсин Фраленкоу .
Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да обезбеди широк асортиман на производи на пазарите во Русија, Балканот и земјите на Европската Унија. Компанијата е целосно посветена на развојот на нови лекови, обука за креирање на високо квалитетен стручен кадар и посветеност за задоволување на рафинираните потреби на навните клиенти.
Потпишувањето на овој Меморандум за соработка произлезе од потребата за соработка на општина Илинден и бизнис секторот во областа на образованието, како една од најзначајните области за развој, подигнување на нормите, вредностите и стандардите во образованието, како и подобрување на квалитетот и ефикасноста на стручното образование во Средното општинско стручно училиште „Илинден“-Илинден.
Вакви меморандуми општината веќе има потпишано и со компаниите Витек Македонија ДОО, Кемет Електроникс, Аптив Сервисес Македонија, Чагатај Кабло, АРЦ Аутомотив Македонија, ЈОКИ, МЕПСО, ОКТА, Џонсон Мети, Ван Хол и Вабтек.
Comments are closed.