Во просториите на СОСУ „Илинден“-Илинден, од страна на претставници од Црвен крст, се одржа едукативно предавање за укажување прва помош. На учениците им беше објаснет поимот „Прва помош“, што содржи ранецот по прва помош, како и чекорите при укажување на прва помош (вежби за поставување на повреден во странична положба, имобилизација на повреден со скршена клучна коска, сопирање на обилно крварење и сл.). При демонстрацијата беше користен „Фантом“ , а беа вклучени и дел од учениците.
Comments are closed.