Презентацијата на компанијата Џонсон Мети-Бунарџик, спроведена на 18 Декември 2014 година во СОСУ„Илинден“Илинден

Целта на презентацијата беше да се запознаат учениците со работата на компанијата како и на поедини оддели, а воедно и за можноста за вработување по завршување на соодветното образование за да имаат основна слика и информации за компанијата при посетата на учениците во истата. Предавањето беше интерактивно, со Power Point презентација, како и презентација на работната униформа, која се состои од бел мантил, заштитни наочари, заштитен шлем за глава, гумени кондури, а во некои оддели и тампони за уши за заштита од бучава. Предавањето се одвиваше во времетраење 90 минути. Презентерите ги истакнаа главните карактеристики на компанијата, дел од производството на надворешниот пазар, производство на автокатализатори, материјали за накит, хемиски супстанци за лекови, стентови како и оддел за истражување и развивање на нови бизниси. На учениците им беше презентиран модел на автокатализатор кој се произведува со цел намалување на загаденоста на воздухот, а се поставува во издувниот систем на моторот. Притоа им беа поделени заштитни гумени ракавици за да го истражат и увидат моделот, а воедно да бидат заштитени бидејќи моделот содржи каталитички материјали како на пример платина. На крај ги собраа ракавиците и им објаснија на учениците дека во фабриката отпадните материјали не се фрлаат туку сите се рециклираат. Завршниот дел беше предвиден за поставување прашања од страна на учениците.

Објавено на 18.12.2014 во Активности

Сподели го текстот

Back to Top