Презентацијата на компанијата Џонсон Мети-Бунарџик

Целта на презентацијата беше учениците да се запознаат со работата на компанијата како и на поедини оддели, а воедно и за можноста за вработување по завршување на соодветното образование. Предавањето беше интерактивно, со Power Point презентација, како и презентација на работната униформа, која се состои од бел мантил, заштитни наочари, заштитен шлем за глава, а во некои оддели и тампони за уши за заштита од бучава. Предавањето се одвиваше во времетраење од 60 минути. Презентерите ги истакнаа главните карактеристики на компанијата, дел од производството на надворешниот пазар, производство на автокатализатори, материјали за накит, хемиски супстанци за лекови, стентови како  и оддел за истражување и развивање на нови бизниси. На учениците им беше презентиран и модел на автокатализатор кој се произведува со цел намалување на загаденоста на воздухот, односно што помала емисија на пм честички, а се поставува во системот за издувни гасови.Истиот им беше даден на учениците да го разгледаат  супстрактот на кој кога во фабриката ќе му се додадат потребните хемиски елементи станува катализатор. На учениците им подарија и пригодни награди.

Објавено на 10.04.2016 во Активности

Сподели го текстот

Back to Top