ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА „ВИТЕК МАКЕДОНИЈА“

На ден 01.03.2017 во просториите на СОСУ „ИЛИНДЕН“-Илинден, во присуство на градоначалникот на Општина Илинден, директорот на училиштето, како и стручниот и наставниот кадар во училиштето, менаџерскиот тим од компанијата Витек Македонија, со седиште во ТИРЗ Бунарџик, одржа предавање за учениците од 4 година од образовните профили Електротехничар за компјутерска техника и автоматика и Електротехничар за електроника и телекомуникации во училиштето . Преку ова предавање учениците имаа можност да се запознаат со почетоците на Витек Македонија,со производите кои тие ги изработуваат во Македонија (панцирни хидраулични црева под висок притисок) како и со нивните идни планови за проширување на производството и на нивниот асортиман на производи. Воедно се потпиша и Меморандум за соработка преку кој компанијата се обврза да овозможи практична настава за учениците од Средното општинско стручно училиште „Илинден“, да овозможи 10 дневна летна практична настава за учениците од третта година, да овозможи стипендирање на учениците кои се истакнуваат во воспитно-образовниот процес, како и можност за вработување на учениците од четврта година од првата генерација кои ќе изразат интерес за работа во нивната компанија. Преку ваквиот директен начин на соработка меѓу Општина Илинден, Средното училиште „Илинден“ и бизнис секторот се покажува грижата за учениците, им се нудат можности за директно вработување и пад на невработеноста во Општина Илинден.
Менаџментот на училиштето искажува голема благодарност до градоначалникот на Општина Илинден за инвестициите и поддршката на средното училиште како и до сите компании кои покажуваат корпоративна-општествена одговорност и соработуваат со училиштето.

Извештај од одржано предавање

Објавено на 02.03.2017 во Општо

Сподели го текстот

Back to Top