На ден 12.11.2019 претставници од СВР (Сектор за Внатрешни Работи) Скопје беа во посета на нашето училиште. Тие имаа презентација на тема „Насилство“ која ја одржаа пред учениците од I година.
Главна тема на презентацијата беше препознавање на насилството, форми и видови на насилство и превенција од насилство. Учениците беа запознаени со самиот поим „Насилство“ и последиците од него. Предавачите раскажаа за лоши искуства со насилствата во другите училишта. Исто така ја претставија разликата помеѓу физичко и вербално насилство, како и насилство преку интернет така наречено „Cyberbullying“ кое е се позастапено помеѓу младите. Ги одредија границите помеѓу прекршок и кривично дело исто така и казните кои се добиваат за истите.
Cyberbullying или т.н. интернет насилство претставува употребата на интернетот за малтретирање, постирање несакани слики и видеа и упатување навреди кон други луѓе. Интернет насилството може да има многу последици од кои се истакнуваат: обид за самоубиство, психичко растројство, депресија итн.
Учениците заинтересирано поставуваа многубројни прашања. Исто така вешто ги одговараа прашањата поставени од страна на предавачите и беа пофалени за нивната соработка.
Comments are closed.