Во соработка со ПО Петровец во нашето училиште се одржа едукативно предавање за дел од учениците од прва година, училишниот психолог и дел од наставниот кадар на тема: „Говор на омраза и дискриминација“. Целта на предавањето беше учениците да препознаваат што е говор на омраза како и последиците кои ги предизвикува истиот. Воедно беше поделен и едукативен рекламен материјал.
Comments are closed.