Во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“, викендов, во дворот на СОСУ „Илинден“ и над училишниот амфитеатар се засадија 4 дрвца „Стеблеста фотинија“ и 3 дрвца „Јапонска слива“. Исто така се постави и систем за наводнување на принцип „капка по капка“ и се искоси тревата. Со оваа акција освен што се грижиме за екологијата и животната средина, се разубавува и училишниот двор и се придонесува за почист и поквалитетен воздух.
Comments are closed.