На 10.12.2019 година како последен ден од 16 дена активизам против насилство врз жени под мотото – Нема оправдување! и Меѓународен ден на човекови права, психологот со учениците од Ученичка заедница во проширен состав реализираше работилница на тема „Стоп на насилството“.
Воведниот дел започна со песна од Kelly Clarkson-Because of you на која учениците кажаа дека допрела длабоко во нив и разбудила силни и непријатни емоции.
Потоа преку презентација се запознаваме со насилството иако добро ни беше познато на сите што е тоа, а и кои видови насилство се најчести во нашето општество.
Потоа учениците имаа за задача да напишат текст во кој ќе опишат некоја случка во која биле самите жртви на насилство или пак сведоци. Иако имаше рамка од 1 час нас ни беше потребно повеќе време за да се напише сето тоа затоа што преку пенкалата и хартијата се пренесуваа случки кои допираа длабоко до нивните души и кај одредени ученици предизвикаа и вознемирување.
На крајот пративме порака дека насилството раѓа насилство. Секој човек има право, а и потенцијал да биде среќен, здрав и успешен. Како што растат сознанијата за грижливото воспитување така да расте свеста за главните попречувачи во развојот на една личност односно насилството и сите негативни искуства стекнати во животот.
Како заклучок на целокупната работа освен што гласно кажавме дека во иднина секоја случка ќе ја пријавиме и нема да толерираме насилство ќе напишеме една порака пред која сите треба да се замислиме.
…Некогаш ќе сум посреќен ако мајка ми не работи и не заработува, ќе се прилагодам на финасиската состојба само пак да биде ведра и весела како некогаш…
ТЕ САКАМ МАМО!
Реализатор психолог Фросина Каранфиловска
Comments are closed.