Реализирани презентации од Ученичка заедница во рамки на развојна цел-Ученички иницијативи

 

Ученичка заедница реализираше 4 презентации како дел од активностите кои следеа по спроведено истражување на класен час-Проблеми со кои се соочуваме во секојдневието. Притоа како теми кои беа предложени за обработка беа: Зависности кај тинејџери, Здравје, Вредности и Анксиозност. Учениците поделени во групи изработија презентации и истите беа реализирани на класните часови од страна на претседател и заменик претседател.  На проблемите со кои се соочуваме во секојдневието решивме да им пристапиме превентивно односно едукативно со цел препознавање на истите, разгледување на причините и последиците и најзначајно од сé превенција на истите. Отворената дискусија на учениците и наставниците е значајна во целокупниот воспитно образовен систем за развивање на критичкото мислење на учениците. Претходните учебни години во рамки на Ученичка заедница беа спроведени активности за препознавање и едукација за Булинг и Ментално здравје.

Одговорен за УЗ психолог Фросина Каранфиловска

Објавено на 11.03.2024 во Општо

Сподели го текстот

Back to Top