Денес на пригоден начин во просториите на училиштето им беа доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2018-2022, како и одличјето за Првенец на генерација на Христијан Постолов, кој беше награден со рачен часовник со посвета, УСБ, нотес, пенкало и книга „Електрични кола“ од авторите Нилсон и Ридел.
Директорот на училиштето на учениците Антонио Дамчевски, Александар Симеоновски и Лука Здравески им додели Пофалници за активен придонес во воннаставните активности и особен придонес во промоција на училиштето. Тие беа наградени со безжична тастатура, УСБ, нотес, пенкало и книга „Електрични кола“ од авторите Нилсон и Ридел.
На сите ученици од Генерацијата 2018-2022 година во иднина им посакуваме добро здравје, многу среќа и успех на сите полиња.
Comments are closed.