СОСУ „ИЛИНДЕН“- ИЛИНДЕН ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ЕКОЛОГИЈАТА

Учениците во СОСУ „ИЛИНДЕН“  на 21.03.2019 со различни активности го одбележа денот на екологијата.  Согласно член 12 од Календарот за организација на учебната 2018/2019 година во јавните средни училишта, издаден од Министерство за образование, во Средното општинско стручно училиште „Илинден“ се реализираше наставен ден со посебна програма.

Наставниците заедно со учениците на  часовите реализираа еко содржини предвидени во Еколошката програма како што се:

-Намалување на потрошувачката на електрична енергија (Рационално користење на електричната и топлинската енергија, како и можности за заштеда на електричната и топлинската енергија);

Заштеда на вода (осознавање на  важноста на здравата и питка вода за сите живи суштества,рационално користење на пивката вода и можности за користење на дождовната вода);   Дополнително во соработка со ЈП Водовод Илинден се дистрибуираше флаер по повод 22 март- светскиот ден на водата;

Одржување на училишната зграда и здрава внатрешна средина;

Уреден и еколошки чист училишен двор;

Намалување на отпад (селекција на отпад и правилно одложување во соодветни садови за отпад).

Од страна на учениците се  изработија и еколошки пароли кои беа поставени во училишниот хол за  да ја разбудат љубопитноста, мотивираноста и иницијативноста кај сите нас за реализирање на повеќе еколошки акции.

Целта на овие активности беше да се подигне свеста кај вработените, учениците, младите и останатите граѓани за правилно одложување и селекција на отпадот за да се зачува чиста, убава и функционална животна средина, како и чување и одржување на училишниот простор и материјалните ресурси во училишниот објект.

Објавено на 23.03.2019 во Општо

Сподели го текстот

Back to Top