УСПЕШНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА СОСУ „ИЛИНДЕН“-ИЛИНДЕН НА ДРЖАВНИТЕ НАТПРЕВАРИ НА „НАРОДНА ТЕХНИКА“

На овогодинешните натпревари на млади истражувачи од Р.Македонија-Наука на млади што по 54 пат се одржа во Струмица, СОСУ „Илинден“-Илинден учествуваше со 3 натпреварувачи.

Ученикот од IV-1, Кристијан Милошевски со својот проект „ИЗРАБОТКА НА МАКЕТА НА ЦЕПАЛКА ЗА ДРВА“ под менторство на професорот Игор Атанасов го освои 2-то место и се закити со сребрен медал.

 

На натпреварот земаа учество и успешно го претставија училиштето и учениците Илина Димитријевска со проектот „ВЕБ ПОРТАЛ ЗА БРЗА ХРАНА“ под менторство на професор Игор Атанасов и Мартин Соколовски со проектот „Ретро видео конзола “miniPONG”“ под менторство на професор Слободан Таневски.

Честитки за успехот и благодарност до учениците и нивните ментори.

Објавено на 24.04.2018 во Настани

Сподели го текстот

Back to Top