УСПЕШНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА СОСУ ИЛИНДЕН, ИЛИНДЕН НА ДРЖАВНИТЕ НАТПРЕВАРИ НА „НАРОДНА ТЕХНИКА“

На овогодинешниот 59-ти Државен натпревар на младите истражувачи кој се одржа на 13.05.2023 година во средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ во Велес, учество зедоа најдобрите средношколци од целата држава. Ова е традиционална манифестација, преку која учениците од средното образование во земјава имаат можност да презентираат научно-истражувачки проекти во повеќе области на природните науки и тоа: Информатика, Дизајн на веб страници, Компјутерско програмирање, Примена на софтвер, Применета Математика, Применета Физика, Електротехника и електроника, Автоматика и роботика, Агротехника, Машинска техника, Фото техника, Кино и видео техника, Обновливи извори на енергија, Енергетска ефикасност на објектите, Екологија, Квалитет и безбедност на храна и слично.

Организатори на натпреварот се Сојузот на здруженијата за техничка култура на Македонија – Народна техника на Македонија и Сојузот на здруженијата на млади истражувачи на Македонија – НАУКА НА МЛАДИТЕ и во соработка и покровителство со Министерството за образование и наука на Македонија.

Научно – истражувачките проекти изработени од натпреварувачите за секоја од областите ги оценуваа посебни стручни тричлени жири комисии.

Нашето училиште СОСУ „Илинден“ – Илинден на овој натпревар учествуваше со 8 натпреварувачи.

Ученикот од IV-1, Андреј Петковски ја имаше честа да го претставува филмот „Последен поздрав“ од Мултимедијалната секција при СОСУ Илинден (Андреј Петковски, Петар Трпевски, Ана Анѓелковиќ, Миа Младеновска, Ева Цветановска, Ива Цветановска, Салија Шабанова, Жаре Зарковски, Антонио Дамчевски, Александар Симеоновски) под менторство на професорот Игор Атанасов, го освои 1-то место и се закити со златен медал во областа Кино и видео техника.

Ученикот од III-1, Михаил Кузманоски со својот проект Веб апликација „Quizzical“ под менторство на професорот Игор Атанасов го освои 2-то место и се закити со сребрен медал во областа Компјутерско програмирање.

Ученичката од III-1, Ана Анѓелковиќ со свои фотографии под менторство на професорот Игор Атанасов го освои 3-то место и се закити со бронзен медал во областа Фото техника.

На натпреварот земаа пофалници и успешно го претставија училиштето и учениците:
– Кристина Ристовска од IV-1 со проектот „Примена на соларна топлинска енергија“ под менторство на професор Христина Стојановска во областа Обновливи извори на енергија;
– Салија Шабанова од III-1 со свои фотографии под менторство на професор Игор Атанасов во областа Фото техника;
– Драган Николовски од IV-1 со проектот Веб апликација за “Task management” под менторство на професор Игор Атанасов во областа Компјутерско програмирање;
– Христиан Димовски од IV-1 со проектот „Борба против еколошкото уништување“ под менторство на професор Игор Атанасов во областа Екологија;
– Денис Љајиќ од IV-1 со проектот „Генетски модифицирани организми во храната (ГМО)“ под менторство на професор Игор Атанасов во областа Квалитет и безбедност на храна;

Честитки за успехот и благодарност до учениците и нивните ментори.

Објавено на 17.05.2023 во Активности

Сподели го текстот

Back to Top