На 41-тиот државен натпревар, организиран од Здружението на наставници по стручни предмети и раководните кадри од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта на Р. Северна Македонија, одржан на 16.05.2024 и 17.05.2024 во Богданци, нашето училиште го претставуваа Анастасија Дамчевска со ментори Христина Стојановска, Катерина Јанева, Христина Јовановска и Игор Атанасов од струка Електротехничар за компјутерска техника и автоматика и Ивана Смилевска со ментори Слободан Таневски, Христина Стојановска, Тома Манески и Ирена Ангеловска од струка Електротехничар за електроника и телекомуникации. Училиштето упатува честитки и изразува благодарност до двете ученички за нивниот ангажман и покажаните резултати, како и до нивните ментори.
Comments are closed.