На овогодинешниот 55-ти Државен натпревар на младите истражувачи кој се одржа во средното стручно училиште „Перо Наков“ во Куманово, учество зедоа 144 средношколци од целата држава. Ова е традиционална манифестација, преку која учениците од средното образование во земјава имаат можност да презентираат научно-истражувачки проекти во повеќе области на природните науки и тоа: Информатика, Дизајн на веб страници, Компјутерско програмирање, Примена на софтвер, Применета Математика, Применета Физика, Електротехника и електроника, Автоматика и роботика, Агротехника, Машинска техника, Обновливи извори на енергија, Енергетска ефикасност на објектите и слично.
Организатори на натпреварот се Сојузот на здруженијата за техничка култура на Македонија – Народна техника на Македонија и Сојузот на здруженијата на млади истражувачи на Македонија – НАУКА НА МЛАДИТЕ и во соработка и покровителство со Министерството за образование и наука на Македонија.
Научно – истражувачките проекти изработени од натпреварувачите за секоја од областите ги оценуваше посебна тричлена жири комисија во состав од универзитетски професори.
Нашето училиште СОСУ „Илинден“ – Илинден на овој натпревар учествуваше со 5 натпреварувачи.
Ученикот од IV-1, Андреј Илиевски со својот проект „Уред за одредување далечина на објекти со ултрасоничен сензор“ под менторство на професорот Игор Атанасов го освои 3-то место и се закити со бронзен медал во областа Автоматика и роботика во конкуренција од 8 натпреварувачи.
Ученикот од IV-1, Благоја Велковски со својот проект „Автоматизиран уред за следење на сонцето“ под менторство на професорот Игор Атанасов го освои 2-то место и се закити со сребрен медал во областа Обновливи извори на енергија во конкуренција од 8 натпреварувачи.
Ученикот од IV-2, Тоше Колевски со својот проект „Програмабилно училишно ѕвонче“ под менторство на професорот Кирил Крстевски го освои 2-то место и се закити со сребрен медал во областа Електротехника и електроника во конкуренција од 7 натпреварувачи.
На натпреварот земаа учество и успешно го претставија училиштето и учениците Ангел Павлески со проектот „Сонцето – обновлив извор на енергија“ под менторство на професор Јулијана Атанасовска и Наум Нунев со проектот „Водата – обновлив извор на енергија“ под менторство на професор Јулијана Атанасовска.
Честитки за успехот и благодарност до учениците и нивните ментори.
Comments are closed.