УСПЕШНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА СОСУ „ИЛИНДЕН“ НА XXXVIII ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИ ОД ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИТЕ, МАШИНСКИТЕ И СООБРАЌАЈНИТЕ УЧИЛИШТА

Овогодинешниот XXXVIII Државен натпревар за ученици од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта се одржаа на 03.05.2019 во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола. Средното општинско стручно училиште „Илинден“ го претставуваа 3 наши ученика. Ученикот Тоше Колевски од IV-2 со својот проект „Програмабилно училишно ѕвонче“ под менторство на професорот Кирил Крстевски, учениците Јован Стојчев од III-1 со ментор Христина Стојановска од образовниот профил „Електротехничар за компјутерска техника и автоматика“ и Давор Крстевски од III-2 со ментор Христина Стојановска од образовниот профил „Електротехничар за електроника и телекомуникации“.
Учениците Јован Стојчев и Давор Крстевски откако успешно ги поминаа регионалните натпревари, обезбедија пласман на државните натпревари и беа тестирани по неколку предмети од соодветната област и соодветниот профил. Давор Крстевски, во конкуренција на други 11 најдобри ученика од образовниот профил „Електротехничар за електроника и телекомуникации“ беше пласиран најгоре на листата на 1-то место од сите учесници и се здоби со 2 награда според освоените бодови, додека Јован Стојчев беше рангиран на 5-тото место од 18 најдобри ученика од образовниот профил „Електротехничар за компјутерска техника и автоматика“ и се здоби со 3 награда според освоените бодови. Ученикот Тоше Колевски се здоби со пофалница.
СОСУ „ИЛИНДЕН“ им честита на учениците и на нивните ментори за постигнатиот успех и им посакува уште многу успеси на професионален и личен план.

Објавено на 05.05.2019 во Активности

Сподели го текстот

Back to Top