Учениците од СОСУ„Илинден“ Илинден вклучени во дебати од страна на Граѓанската асоцијација „Младите Можат“

На 13 и 14 Октомври 2014 година се одржаа дебати во траење од 1 час за учениците од прва и втора година. Дебатите беа организирани од СОСУ “Илинден”-Илинден а во изведба на Граѓанската асоцијација „Младите Можат“ како дел од проектот финансиран од Европската унија „Лабораторија на меѓусебно разбирање. Искуси кој сум јас“. За таа цел на учениците им беше поделена публикација со Практични упатства за Права на етничките малцинства со делови за: -Малцинствата во Македонија, -Охридскиот договор и моменталната ситуација, -Злоупотреба на правата на етнички малцинства, -Институции и закони кои ги штитат правата на малцинствата, -Влијанието на дискриминацијата и повредата на правата врз поединците и општеството. Во текот на дебатите со учениците за малцинствата во земјава им беше пуштена проекција на документарен филм за малцинските права во земјава. Потоа учениците имаа можност да дебатираат на темата „Малцинските права во Македонија“

Објавено на 27.10.2014 во Активности

Сподели го текстот

Back to Top