На ден 21.03.2015 година (сабота), учениците од СОСУ „Илинден“ преку тимот составен од Филип Витковски и Тодорче Петрушевски, а под менторство на професорот Игор Атанасов зедоа учество на регионалниот натпревар по Наноматеријали – Материјали на иднината 2015 во организација на Технолошко-металуршки факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, а под покровителство на Министерот за образование и наука на Република Македонија. На натпреварот учествуваа 228 тима со ист број проекти, со по 2 учесници од 52 училишта од Република Македонија. На отварањето на овој натпревар пристуствуваше и Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми.
Comments are closed.