На ден 08.04.2016 година (петок), учениците од СОСУ „Илинден“ преку тимовите составени од (Филип Витковски и Андреј Милчевски под менторство на професорот Игор Атанасов), (Илина Димитријевска и Ива Наумовска под менторство на професорот Игор Атанасов) и (Петар Ушиновски и Стефан Нешовски под менторство на професорката Олгица Бошковска) зедоа учество на регионалниот натпревар по Наноматеријали – Материјали на иднината 2016 (во организација на Технолошко-металуршки факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, а под покровителство на Министерот за образование и наука на Република Македонија) и успешно го претставија нашето училиште со своите изработени проекти. На натпреварот учествуваа 91 тим со ист број проекти, со по 2 учесници од 52 училишта од Република Македонија. Најдобрите 3 тима од секој од регионалните натпревари ќе продолжат да се натпреваруваат на државниот натпревар кој ќе се одржи во месец мај на Технолошко-металуршки факултет во Скопје.
Comments are closed.