Учениците од средното училиште „Илинден“ остварија практична настава во Ван Хол Македонија

Учениците од средното стручно училиште „Илинден“, од паралелката Електротехничар за електроника и телекомуникации, остварија практина настава на компанијата за производство на автобуси, Ван Хол Македонија.

Практилната настава е резултат на успешната соработка на Општина Илинден и Ван Хол Македонија кои неодамна потпишаа Меморандум за соработка, со кој Ван Хол се обврзува да обезбеди практична настава, обука и работно ангажирање во сопствените капацитети за учениците од средното стручно училиште „Илинден“. Во рамките на успешната соработка со бизнис секторот, вакви меморандуми за соработка Општина Илинден потпиша и со претставниците на компаниите МЕПСО,  Џонсон Контролс, Џонсон Мети и ОКТА.

Целта на остварување на праксата во Ван Хол, беше учениците да се запознаат со начинот на кој е организирана работата во компанијата, како и со начинот на кој  функционира производствениот процес. Учениците имаа можност да ги разгледаат сите седум сектори, односно седумте фази на производство низ кои поминува автобусот, за да на крајот ја добие својата конечна форма и физиономија.

Најмногу внимание кај учениците привлече секторот за електроника каде што учениците ги препознаваа деловите од електронските склопови, за кои претходно учеле. Притоа, имаа можност да го поврзат нивното теоретско знаење со практичната примена на електронските делови, а сето тоа беше проследено со поставувања на многу прашања на кои исцрпно одговараа вработените во Ван Хол.

Учениците од средното училиште „Илинден“ имаа можност и за 15 минутно возење со еден од автобусите што беше изработен за американскиот пазар.

Објавено на 25.04.2014 во Настани

Сподели го текстот

Back to Top