Учениците од третта година од образовниот профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика и Електротехничар за електроника и телекомуникации започнаа со феријална пракса во компаниите МЕПСО АД, ВАН ХОЛ и ОКТА АД. Вкупно 68 ученика во текот на летниот период ќе имаат можност претходноусвоените теоретски и практични знаења, вештини и умеења во училиштето да ги надополнат со нови знаења во рамките на овие компании со кои градоначалникот на Општина Илинден има потпишано Меморандуми за соработка во областа на образованието. Преку ваквиот начин на соработка учениците ќе можат директно да се запознаат со мерките за безбедност, со фазите и процесот на производство во компаниите, да се стекнат со работни навики,да развијат чувство на одговорност и тимска соработка.
Comments are closed.